91
Според информациите кои
пристигнуваат, се вели дека Бразилецот Давид Луиз добил зелено светло од Челси
да слободно си бара клуб бидејќи за него очигледно дека нема да има повеќе
место во тимот.
„РМЦ“ пренесува дека
Луиз веќе извесен период е во преговори со актуелниот шампион на Европа, Реал
Мадрид, а желбата на обете страни е овој трансфер да се реализира уште во
јануари.
Бразилецот има валиден
важечки договор со Челси со 2019. Година, нема најави за продолжување на
соработката, а се шпекулира дека Челси од Реал Мадрид бара 40 милиони евра за
обештетување.