Барселона се соочува со сериозен проблем, во потрага е по терен каде ќе игра против Валенсија, но потрагата не оди идеално.
Натпреварот меѓу Барселона и Валенсија се игра на 14 септември. Речиси не постојат никакви шанси до тој датум Камп Ноу да биде подготвен за игра. Монжуик отпаѓа бидејќи ден претходно таму има концерт, во меѓувреме, раководството на клубот се обиде да преговара со Жирона за отстапување на Монтиливи, но и тоа отпадна, а Ла Лига одби да го смени распоредот и мечот меѓу Барселона и Валенсија да се игра на Местаља.
Последната опција е вториот стадион „Јохан Кројф“, но и тука има голем проблем. Тој е со капацитет од 6.000 места, а според правилата на Ла Лига, минимумот е 15 илјади. Раководството на Барса се обидува да ги убеди челниците на Ла Лига дека се работи за само еден натпревар, но никој со сигурност не може да гарантира дека нема да се појави нов проблем во текот на сезоната.
Што се однесува до мечевите од Лигата на шампионите, УЕФА ќе одлучува утре. Можно е да даде зелено светло. Наводно УЕФА прифаќа Барселона да гостува во првото коло, а второто во кое треба да биде домаќин се игра дури на 30 септември и 1 октомври. Период до кога може да биде подготвен Камп Ноу.