Бразилската репрезентација веќе го обезбеди своето место на Светското првенство, па селекторот Карло Анчелоти реши да направи одредени промени за двата натпревари кои следат.
На новиот список ги нема Винисиус Жуниор и Рориго од Реал Мадрид, како и Нејмар кој се рехабилитира од повреда. Во нападот тука е Жоао Педро кој одлично ја стартуваше сезоната во дресот на Челси.
Интересно е што на списокот на Анчелот нема ниту еден фудбалер од неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.
СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ:
Голмани: Алисoн, Бенто, Уго Соуза
Одбрана: Весли, Вандерсон, Алекс Сандро, Кајо Енрике, Даглас Сантос, Габриел Магалаеш, Маркињос, Александаро, Фабрисио Бруно
Среден ред: Андреј Сантос, Бруно Гимараеш, Каземиро, Жоелинтон, Лукас Пакета
Напад: Естевaо, Габриел Мартинели, Кајо Жорге, Луис Енрике, Матеус Куња, Рафиња, Ришарлисон, Жоао Педро
„Кариоките“ во септемврискиот циклус ќе одиграат два натпревари, прво на 5 септември ќе гостуваат кај Чиле, а пет дена подоцна ќе се соочат со Боливија.