Фудбалерите на Комо кои беа едни од најактивните на трансфер пазарот најавија дека можат да имаат уште една одлична сезона и пред своите гледачи го совладаа Лацио со 2-0 во првото коло од Серија А.
Херој на избраниците на тимот на Фабрегас беше Нико Паз кој запиша асистенција и постигна убав гол од слободен удар.
Откако во првото полувреме не видовме погодоци на стартот Паз одлично го пронајде Доувикас кој излезе сам и го матираше противничкиот чувар на мрежата.
🇦🇷🚨 | NICO PAZ (20) WITH AN INSANE ASSIST!!!
— Rising Stars XI (@RisingStarXI) August 24, 2025
𝐖𝐇𝐀𝐓 𝐀 𝐅𝐔𝐂**** 𝐓𝐀𝐋𝐄𝐍𝐓 🪄
pic.twitter.com/4D8e1LkKCx
Блесна Паз на 15-тина минути пред крајот кога изведе мало ремек дело и го совлада Проведел кој немаше шанси да интервенира.
🚨🇦🇷 WHAT A FANTASTIC FREE KICK FROM NICO PAZ WITH COMO! 🤯pic.twitter.com/kyaSynR2Uh
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 24, 2025
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Фиорентина славеше минимално на гости кај Каљари, а единствениот гол го постигна Мандрагора.