84
БАТЕ Борисов одигра реми
со 3-3 во голеадата на гостувањето кај Городеја во последното коло од
белоруската Премиерлига, а со ова реми заврши како првопласиран во тамошниот
шампионат со 68 бода, исто колку што освои и Динамо Минск.
Дека битката за титулата
беше навистина интересна, потврдува и фактот што Шахтјор како третопласиран
заврши со само три бода негатива веднаш зад водечките две екипи.
БАТЕ Борисов прв поведе,
но домаќините не само што направија пресврт туку дојдоа и до водство од 3-1.
Шампионот во 78. минута од пенал намали на 3-2, а во 95. минута дојде до
израмнувачки гол што им донесе титула во домашниот шампионат.