Германците расположени за голови: Хофенхајм го шокираше Леверкузен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Баер Леверкузен со изненадувачки пораз од Хофенхајм (1-2) ја започнаа новата сезона во Бундеслигата.

Леверкузен летово остана без важни фудбалери, а тоа можеше да се забележи и во денешниот натпревар. Тргнаа добро домаќините и преку Квинса поведоа со 1-0 уште во шестата минута, но веќе во 25. минута Хофенхајм успеа да дојде до израмнување.

Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Во вториот дел Леверкузен ја имаше топката во свој посед, меѓутоа не создаваше премногу шанси и не упатија ниту еден удар во рамките од голот. Хофенхајм пак успеа да искористи една од своите прилики и преку Лемперле постигна втор гол кој се покажа како доволен за три бода.

Ефикасни беа останатите четири средби на кои се постигнаа дури 16 погодоци. Ајнтрахт дома го совлада Вердер со 4-1, Аугусбуг на гости се радуваше против Фрајбург со 1-3 , Унион Берлин на свој терен триумфираше над Штутгарт со 2-1, Волфсбруг стигна до гостинска победа против Хајденхајм со 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×