180
Пари Сен Жермен славеше победа и во второто коло од Лига 1, совладувајќи го Анже со минимални 1:0.
Избраниците на Луис Енрике имаа целосна контрола врз натпреварот, но изостануваше реализацијата. Најголемата прилика во првите 45 минути ја пропушти Осман Дембеле кој не реализираше најстрога казна во 27. минута.
Сепак, притисокот на ПСЖ донесе резултат веднаш по паузата, кога Фабијан Руиз погоди за во 50-тата минута за 1-0, што на крај се покажа како доволно за нови три бода на актуелниот шампион.
Претходно во првото коло, ПСЖ со истиот резултат беше подобар од Нант.