Де Роси одигра „капитенски“: Го влечеше Лападула за дрес па му „шлапна“ една во лице (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Волчицата“ беше
на добар пат да стигне до три бода на Луиџи Ферарис, Ел Шарави ги донесе гостите
во предност по еден час игра.

Но сето тоа падна во
вода пет минути подоцна, откако Даниеле Де Роси ги загуби нервите.

По еден корнер за
домаќините, далеку од топката, капитенот на Рома го влечеше Лападула за дрес, а
како тоа да не беше доволно, па мораше и да му „шлапне“ една во лице.

Судијата иако во
прв момент не ја прекина играта, подоцна покажа на белата точка и му додели
црвен картон на Де Роси, па Рома беше принудена да спасува бод откако Лападула
во 70. минута го реализираше пеналот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани