Челси во проблем, засилувањата под ризик да не заиграат во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Актуелниот светски шампион Челси може да се соочи со проблеми околу регистрацијата на летните засилувања за Лигата на шампионите поради строгите правила на УЕФА.

Лондончани засега не успеаја да се ослободат од некои играчи како Стерлинг и Чилвел, а одредени трансфери не се признаваат бидејќи фудбалерите не настапувале во ЛШ минатата сезона. Тоа ја комплицира ситуацијата за новите имиња како Педро, Делап или Естевао, но и за Лавија и Фофана кои се вратија од повреди.

Доколку Челси не го избалансира односот меѓу купувањата и продажбите, клубот ризикува висока парична казна и забрана за регистрација на нови играчи за настапите во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×