Дербито на вечерта о од плеј-оф натпреварите за пласман во Лигата на шампионите, натпреварот меѓу Фенербахче и Бенфика, заврши без голови.
Иако и двете екипи имаа свои шанси, реализацијата изостана, па патникот во групната фаза ќе се решава во реваншот во Лисабон.
Фенербахче беше поблиску до победата. избраниците на Жозе Мурињо имаа и фдбалер повеќе на теренот од 71. минута, откако Флорентино доби втор жолт картон, а Ел Несири во 82. минута погоди, но голот беше поништен поради офсајд.
Од другите натпревари, Бодо/Глимт со убедливи 5-0 против Штурм Грац веќе веројатно си обезбеди место во Лигата на шампионите, Базел и Копенхаген одиграа 1-1, а без голови заврши и средбата меѓу Селтик и Каират.
William Bøving (OG) | 🇪🇺 Bodo Glimt 5-0 Sturm Graz
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 20, 2025
Huge advantage before second legpic.twitter.com/jmPd55n3Yb