Кој се изгорел од млеко дува и на јогурт, Барса магично ја корегираше откупната клаузула на Меси

by
1 минути читање

Кога кон крајот
на јуни Барселона соопшти дека е постигната согласност со Лео Меси за
продолжуање соработката, „Каталонците“ открија дека во новиот договор на
Аргентинецот ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.

Сепак, еден месец
подоцна, ПСЖ пристигна со чек од 222 милиони евра и го „украде“ Нејмар од Камп
Ноу.

Лидерите на Барса
верувале дека ниту еден клуб не е способен да ја плати оваа сума без да ги прекрши
правилата на УЕФА за Финансиски фер-плеј, но очигледно првите луѓе на
„Каталонците“ биле во заблуда.

Поучени од овој
превид, откупната клаузула на Лео Меси сега магично порасна на 700 милиони
евра.

Кога медиумите
шпекулираа дека Аргентинецот е обврзан само до 2018 и може да замине од Камп
Ноу, Барселона со месеци убедуваше и смируваше дека Лео Меси веќе го одработува
новиот договор и дека тој е валиден и без неговиот потпис, бидејќи неговиот
татко, кој имал овластување, веќе ги потпишал документите.

Но очигледно овој
договор на кој Лео Меси сега стави потпис е поразличен од оној за кој Барса долго време
велеше дека е валиден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани