Барселона уште
пред неколку месеци соопшти дека има согласност со Лео Меси за нов договор со
трајност до 2021.
Но никогаш не
пристигна протоколарната фотка на која претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и Лео
Меси ги потпишуваат документите, па медиумите почнаа да шпекулираат дека на
повидок е разделба.
Лидерите на Барса
постојано нагласуваа дека договорот е валиден бидејќи таткото на Лео Меси, кој
има овластување, ги потпишал документите, но тоа не им значеше многу на
медиумите кои инсистираа дека Лео Меси веќе во јануари може да потпише за друг
клуб.
Сепак, во иднина
повеќе ќе нема дилема, Лео Меси попладнево се појави покрај Жозеп Мариа
Бартомеу и удри параф на документите, па тој и официјално сега е обврзан кон
Барса до 2021.
