Фенербахче продолжува со засилувањата во летниот преоден рок и официјално го претстави новиот играч, Доргелеш Нене од Мали.
Офанзивниот фудбалер од средниот ред пристигнува од Салцбург, а турскиот гигант потврди дека договорот е постигнат и трансферот е траен. Нене веќе ги помина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор со клубот од Истанбул.
„Добредојде во нашето семејство, Нене. Му посакуваме многу успех во дресот на нашиот клуб“, стои во соопштението на Фенербахче, кое не откри детали за висината на трансферот.
Дваесет и двегодишниот Нене е продукт на Салцбург каде што професионално дебитираше во 2021 година. Претходно беше позајмен во Лиферинг, Рид и Вестерло. Во изминативе сезони за Салцбург одигра 87 натпревари и постигна 22 погодоци.