Агентот на Шешко објасни зошто се откажал од својата провизија за трансферот да се реализира

by riste
1 минути читање

Еден од највпечатливите трансфери во овој преоден рок беше оној на Бенјамин Шешко од Лајпциг во Манчестер јунајтед.

За трансферот да се реализира, агентот на Шешко, Еливс Башановиќ се откажа од својата провизија.

„Да, вистина е тоа. Во еден момент клубовите дојдоа до ситуација кога Јунајтед го достигна својот лимит во буџетот за овој трансфер, а од друга страна Лајпциг имаше барања и очекувања кои беа поголеми. Се креираше дупка која требаше да биде пополнета. Јас одлучив да се откажам од дел од мојата провизија која ми следуваше за да ја премостиме таа разлика, бидејќи чувствував дека тоа е вистинската работа која треба да ја направам. Според мене, желбите и соништата на фудбалерот секогаш треба да бидат пред интересите не агентот“, рече Башановиќ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×