Драма за почеток на Премиер лигата: Бормут се врати од „мртвите“, па блеснаа Киеза и Салах (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата во кои играа Ливерпул и Бормут донесе одличен фудбал и многу возбудувања, а на крајот заврши со победа на Ливерпул од 4-2.

Лверпул започна подобро и создавше повеќе прилики пред голот на Ѓорѓе Петровиќ. Резултатот беше отворен во 37-та минута кога Хуго Екитике со малку среќа излезе пред српскиот чувар на мрежата и го совлада за водство на својот тим. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.

На самиот старт од второто полувреме Коди Гакпо се погрижи за 2-0, а Екитике сега беше во улога на асистент.

Во тие моменти изгледаше дека бранителот на титулатта сигурно чекори кон три бода во првото коло, но гостите не мислеа така и му направија проблеми на фаворитот. Во последниот половина час на сцена стапи Семенјо кој прво во 64 минута намали на 2-1, а потоа во 76 минута откако освои топка од пред својот шеснаесетник го претрча речиси целиот терен и го матираше Алисон за 2-2.

Сепак, Ливеерпул не се откажа, вистинскиот потег Слот го направи со внесувањето на по малку заборавениот Киеза кој во игра влезе во 82 минута и само шест минути стрелаше за 3-2. Во последните моменти од натпреварот конечните 4-2 ги постави Салах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×