298
Македонскиот репрезентативен Никола Серафимов и официјално потпиша со бугарски Левски Софија.
26-годишникот по авантурата во МОЛ Фехервар по испаѓањето во Втората унгарска лига се реши за нов предизвик, а тој ќе биде во Бугарија. Со Левски дефанзивецот стави потпис на договор до 2028 година и веднаш ќе се стави во својство на тимот.
Во својата кариера Серафимов тргна преку Вардар, потоа беше дел од Пелистер, Брегалница и Академија Пандев во Македонија, а потоа следуваше интернационалниот предизвик и преселба во Залаегерсег. Во овој тим се задржа една година пред да прејде во Фехервар за кој одигра вкупно 73 натпревари и даде три гола.