Лекарскиот комисија при Ла Лига одлучи дека повредата на Марк андре тер Штеген ги исполнува условите за да биде третирана како долгорочна, па Барселона ќе може да искористи дел од платата на голманот за да ги регистрира засилувањата.
Добри вест за Барселона во пресрет на новата сезона, лекарската комисија при Ла Лига ја разгледа документацијата за повредата на Марк андре тер Штеген и потврди дека се исполнети сите услови за истата да биде третирана како долгорочна.
Па „каталонците“ сега ќе можат дел од платата на Германецот да ја искористат за регистрација на новите засилувања.
Сепак, во моментов ова е доволно само за регистрација на голманот Жоан Гарсија, кој ќе се најде помеѓу стативите против Мајорка.
Како што стојат работите во овој момент, нема простор за регистрација на Маркус Рашфорд и нејасно е дали напаѓачот ќе му биде на располагање на Ханси Флик уште во првото коло.