357
Џиџо Донарума е на излезна врата од ПСЖ, италијанскиот голман сака негова следна дестинација да биде Манчестер јунајтед.
Трансферот на Донарума во Манчестер јунајтед не би бил евтин, а клубот веќе потроши сериозна сума во овој преоден рок.
Според англиските медиуми, евентуалниот трансфер на Донарума во Манчестер јунајтед може да се случи само ако клубот продаде уште фудбалери.
Има неколку играчи од кои Манчестер јунајтед може да наплати за заминување, пред се тоа е Гарначо кој е пред трансфер во Челси.
Треба да заминат и Санчо и Антони, но засега нема нешто конкретно за овие двајца.