Модриќ дебитираше за Милан во убедливиот пораз против Челси (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Челси продолжи со добрите настапи ова лето и по освојувањето на Светското клупско првенство денеска славеше и против Милан со убедливи 4-1.

Премиерлигашот тргна одлично во натпреварот и со гол во петтата минута на Рис Џејмс од слободен удар успеа да дојде до предност. Набрзо, Жоао Педро постигна нов гол за зголемување на водството.

До крајот на паузата Милан остана и со играч помалку откако исклучен беше Кубис, па „сините“ на полувреме заминаа со предноста од 2-0.

Во вториот дел Делап стрелаше од пенал за 3-0 во 67. минута, а три минути подоцна Фофана го постигна единствениот гол за „росонерите“ на оваа средба.

Конечните 4-1 ги постави Деал со својот втор гол во самата завршница.

За издвојување од овој натпревар и дебито на Лука Модриќ кој на теренот влезе во второто полувреме.

Фото: Chelsea FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×