237
25-годишниот офанзивец, Нико Јанковиќ од Ријека се сели во Фенербахче, трансферот наскоро ќе биде комплетиран.
Тој беше еден од најважните играчи на Ријека за титулата од минатата сезона. Но, хрватскиот клуб ја прифати понудата од 5,6 милиони евра од Фенербахче.
Турскиот клуб во моментов ги договора личните услови со фудбалерот и доколку се биде во ред трансферот наскоро ќе биде реализиран.
Јанковиќ ќе биде третата најскапа продажба во историјата на Ријека, пред него е Филип Брадариќ во Каљари за 5,9 милиони евра и убедливо најскап е Андреј Крамариќ во Лестер за 9 милиони евра.