Aзар искрено: Откри зошто одлучил да се пензионира

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите белгиски фудбалери во историјата, Еден Азар, откри зошто во 2023 година одлучил да стави крај на својата играчка кариера. Азар иако тогаш сè уште беше дел од Реал Мадрид, Белгиецот одлучи да се повлече од професионалниот фудбал.

Азар вели дека моментално нема намера да се занимава со нешто поврзано со фудбалот, бидејќи приоритет му е семејството.

„Го напуштив професионалниот фудбал затоа што едноставно не ми се допаѓаше сè што го опкружува. Сакав да бидам на терен 90 минути, но сè друго, патувањата, бескрајните тренинзи, медиумите, тоа не беше за мене. Денешните тренери работат повеќе од фудбалерите, постојано се пред компјутер со своите асистенти, а тоа не ме привлекува“, изјави Азар.

Тој додаде дека не ја исклучува можноста еден ден да стане тренер, но сега сака да се посвети на своите деца и да ужива во мирен живот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×