Премиерлигаш сака да купи белгиско крило од Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила е подготвена да испрати понуда за крилниот фудбалер на Милан, Алексис Салемакерс, пренесуваат медиумите од Италија.

Белгиецот минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Рома каде во 32 натпревари постигна седум гола и запиша седум асистенции. Со добрите настапи успеа да остави позитивен впечаток и кај новиот тренер Масимилијано Алегри во подготовките, но неговата иднина на „Сан Сиро“ сè уште е неизвесна.

„Тутомеркатовеб“ и „Миланњуз“ објавуваат дека Астон Вила сериозно е заинтересирана за неговиот потпис и подготвена е да направи конкретен чекор, иако засега нема официјална понуда.

Саелемакерс, кој е производ на академијата на Андерлехт, во Милан пристигна во 2020 година за 10,9 милиони евра. Во последните сезони ја изгуби првата постава па беше испраќан на позајмици во Болоња и Рома. За белгиската репрезентација има 16 настапи со еден гол и една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×