Младиот фудбалер на Арсенал, Итан Нванери, потпиша нов петгодишен договор со клубот со кој ќе остане на „Емирати“ до летото 2030 година.
Осумнаесетгодишниот талент, кој важи за еден од најперспективните играчи во англискиот фудбал, имаше договор што истекуваше во јуни 2026 година, но Арсенал реши навреме да го осигура неговиот потпис.
Нванери минатата сезона доби шанса да се докажува во првиот тим на Арсенал. Вкупно досега има 39 сениорски настапи за „топчиите“, даде девет гола и подели две асистенции.