Милан се надева дека ќе има корист од трансферот на Шешко во Манчестер јунајтед!

by riste
1 минути читање
Шешко e пред трансфер во Манчестер јуанајтед

Бенјамин Шешко е во Манчестер каде треба да го комплетира трансферот во Јунајтед, се очекува денеска да бидат средени сите формалности, а утре да биде официјално презентиран, ситуацијата будно ја следи Милан.

Милан е во потрага по напаѓач, сакаат да го ангажираат Расмус Хојлунд за кого тоа би било враќање во Серија А каде што ја имаше и најголемата своја промоција во дресот на Аталанта.

Росонерите се надеваат дека со ангажманот на Шешко, Манчестер јунајтед ќе биде помек во преговорите за Хојлунд и ќе може да се издејствува прифатлива зделка.

Милан не може да ја плати целата трансфер сума, тие сакаат да го позајмат Хојлунд на една сезона и да имаат опција за да го откупат во целост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×