Партизан на свој терен загуби од Хибернијан со 2-0, црно-белите ќе имаат исклучително тешка мисија во Шкотска за да останат во Европа, Хајдук со 2-1 ја совлада Тирана.
Клучен момент на мечот во Белград беше вториот жолт картон на Ѓурѓевиќ, Партизан еден час играше со фудалер помалку.
Бојл беше херојот на Хибернијан кој ги даде двата гола, едниот во финишот од првото полувреме, вториот во средината на вториот дел.
Ова е меч од квалификациите во Конференциската лига, па доколку Партизан го загуби двобојот, тоа ќе значи и испаѓање од Европа.
Од пораз се спаси Хајдук кој губеше по првото полувреме од Динамо Тирана, но со два гола во вториот дел дојде до победа од 2-1.
Тежок пораз доживеа Лугано на Алиоски. Македонскиот фудбалер беше стартер, го одигра целиот меч, а неговиот тим загуби дома од Целје со неверојатни 5-0.
Лозана која го елиминираше Вардар, денеска со 3-1 ја победи Астана. Водеа и со 3-0, но во самиот финиш примија гол.
Бешикташ со 4-1 славеше на гостувањето кај Сент Патрик.