Наполи и Жирона си подале рака за трансфер на Мигел Гутиерез вреден 18 милиони евра плус бонуси, од зделката ќе профитира и Реал Мадрид, на кого му следува дури 50% од сумата.
Наполи ова лето му донесе шест засилувања на Антонио Конте – Кевин Де Брујне, Ноа Ланг, Сем Букема, Лука Марјанучи, Вања Милинковиќ Савиќ и Лоренцо Лука, но актуелниот шампион на Италија нема да застане тука и планира да донесе уште неколку нови имиња.
Едно од нив е Мигел Гутиерез од Жирона, новинарот Фабрицио Романо попладнево објави дека паднал вербален договор за трансфер на левиот бек вреден околу 18 милиони евра плус бонуси.
Од оваа зделка ќе профитира и Реал Мадрид, на кого му следуваат околу 50% од сумата, односно 9 милиони евра.
ФОТО: fb/Girona FC