Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ потенцираше дека нема да биде толериран национализмот на терените.
Омерагиќ вели дека ФФМ е подготвена да разговара со навивачките групи и со безбедносните служи да се создадат услови за две навивачки групи на стадионите.
„ФФМ сака да види две навивачки групи на секој натпревар. Тоа треба да стане стандард, зашто фудбалот се игра за навивачите“, изјави Омерагиќ, алудирајќи на отворањето на сезоната со дерби дуелите помеѓу Шкендија и Шкупи односно Вардар и Пелистер.
Но, тој е дециден дека нема да се дозволи националистичка и верска омраза на стадионите.
„Ривалството е здраво и потребно. Но, национализам и верски навреди немаат место на нашите стадиони. Провокаторите ќе бидат жестоко санкционирани“, предупреди Омерагиќ.