264
И покрај сите апели за фер и коректно навивање на мечот меѓу Шкендија и Карабах, национализмот не изостана, ечеа скандирања за Голема Албанија, Илирида…
По слуајот во Куманово, институциите, но и сопственикот на Шкендија апелираа за фер и коректно навивање на денешниот меч на Шкендија, но тоа не се случи.
Навивачите на Шкендија ја продолжија својата практика на нивните мечеви да има и националистички скандирања за Голема Албанија.
„Диригентската палка“ ја имаше навивачката група „Балисти“, а се приклучуваа речиси сите присутни на Националната арена „Тодор Проески“.
МВР вети дека ќе ги санкционира националистичките испади на спортските терени, па сега се на потег тие.