„Не е исто да се врати на 31. декември и на средина од ноември” – Мурињо го доби назад Ибра во пакет со Погба

by
2 минути читање

Пред дуелот со
Њукасл, „Специјалниот“ откри добри вести за навивачите на Манчестер јунајтед,
во составот се враќаат Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Маркос Рохо.

Пол Погба е
надвор од стројот од 12. септември, додека пак Ибра и Рохо за последен пат
играа во април против Андерлехт во Лига Европа.

„Играчите кои не
заминаа на должност со репрезентациите и се опоравуваа од повреди, дури и оние
кои имаа тешки повреди, подготвени се за настап
– вели Жозе Мурињо во разговор со ТВ каналот на „Црвените
ѓаволи“.

Запрашан точно да
посочи кои играчи се враќаат, тој додаде: „Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо.
Сите тројца ќе се најдат во составот
.

„Не сакав да
зборувам додека тој беше повреден, но јасно се гледа каков беше Манчестер
јунајтед пред повредата на Погба, и по неговата повреда
.

„Нашиот пристап е
сосема поразличен со Погба и без Погба
.

„Златан, минатата
сезона, ја одигра секоја минута се додека не се повреди. Оваа сезона се
научивме да играме без него, се научивме да играме на поразличен начин. Но тој
е многу важен играч за нас, па секако дека ми е мило што се врати
.

„И повреден беше
супер професионалец, работеше фантастично. Неговото опоравување е неверојатно. Да сите велеа дека ќе се врати во 2017, но едно е 31. декември а сосема друго е
средината од ноември. Секако, не можете да очекувата Ибра да игра 90 минути или
натпревари во серија. Потребно му е време да го видиме оној стариот Златан“.

„Истото важи и за
Маркос Рохо, имаше тешка повреда, голема операција. Веќе играше за У23 тимот во
средата. Се е во ред со него, полн е со самодоверба и подготвен за настап
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани