299
Oд редовите на Пелистер денеска го претставија шестото засилување за новото сезона и повторно станува збор за српски интернационалец, четири од шесте засилувања летово во Битола се од Србија.
Во прашање е Ѓорѓе Белиќ кој пристигнува во Пелистер по завршувањето на договорот со Вождовац каде што настапуваше две езони.
Белиќ е фудбалер од средниот ред и има 27 години, а за него ова ќе биде прво искуство надвор од Србија. Претходно го носеше дресот на: Мачва, Дрина, Лозница и Дубочица.
Пред него Пелистер се засили со: Лука Булатовиќ, Немања Здравковиќ, Стефан Спировски, Петар Ристиќ и Марјан Ристовски.