72
Освен што му одржа
лекција на својот ривал од спротивната страна, Џанпјеро Вентура, селекторот на
Шведска направи преубав гест.
Дел од славјето на
Швеѓаните за пласманот на Мундијалот во Русија идната година се случуваше на
теренот по последниот судиски свиреж, а потоа следеше и прослава во
соблекувалната.
Некој потоа требаше да
го исчисти сето тоа, а тоа го направи токму селекторот на Шведска, Јан Андерсон
кој ја воодушеви спортската јавност со овој прекрасен гест.