Тренерот на Арсенал, Микел Артета вели дека неговата идеја е да донесе квалитетни играчи кои се вклопуваат во неговите замисли и не го интересира од кој клуб доаѓаат.
„Топчиите“ минатата недела платија 52 милиони фунти за ангажман на Нони Мадуеке, кој стана шестиот фудбалер кој премина од Челси во Арсенал откако Микел Артета седна на клупата на „Емирати“.
Претходно, Арсенал од Челси ги ангажираше Кепа Аризабалага, Рахим Стерлинг, Каи Хаверц, Жоржињо и Вилиан.
Запрашан зошто „Стемфорд Бриџ“ му е омилена дестинација за шопинг, Микел Артета вели: „Веројатно бидејќи имаат одлични фудбалери, и имаат многу фудбалери“.
„Јас се фокусирам на тоа да ги донесеме играчите кои ги посакуваме, без разлика во кој клуб настапуваат“.
„Веројатно се работи само за случајност. Она што не е случајност е тимот и квалитетот на тимот“.
„Што се однесува до трансферот на Нони Мадуеке, јас сум прилично возбуден од неговиот трансфер. Можевте да видите и каква беше реакцијата на играчите, особено оние кои го познаваат добро“.
„Сега му е потребен малку одмор, но наскоро ќе ни се придружи и ќе покаже што може да му понуди на тимот“.