Едерсон оди во Турција, замена ќе му биде голманот кој Сити го продаде пред две години!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот голман Едерсон е блиску до разделба со Манчестер Сити, клуб во кој пристигна уште во 2017 година. Според информациите што ги објави Фабрицио Романо, Галатасарај веќе е во контакт со 31-годишниот голман, а Сити ја очекува официјалната понуда од турскиот гигант.

Преговорите меѓу Едерсон и Галатасарај се веќе започнати, а голманот сериозно размислува за нов предизвик во кариерата. Тој досега освои шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и низа други трофеи со Манчестер Сити.

Англискиот шампион веќе работи на ангажман на негова замена. Прва опција е Џејмс Трафорд, 22-годишен англиски голман кој Сити го продаде на Барнли во 2023 година за 17 милиони евра.

„Граѓаните“ се надеваат дека ќе можат да го вратат Трафорд, а во договорот потенцијално може да биде вклучен и Стефан Ортега, актуелната замена за Едерсон, кој во Барнли би добил шанса да биде прв избор меѓу стативите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×