Не можеше да поверува што гледа: Малиот Грегори никогаш нема да го заборави овој ден! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ го имаше својот прв ден како играч на Милан, а клубот од „Сан Сиро“ тоа го документираше со видео кое веднаш привлече големо внимание.

Хрватскиот ас прво слета во Милано, помина низ задолжителните медицински прегледи, стигна во клупските простории за потпис на договорот, а потоа и го облече новиот дрес. На крајот, доби и топло добредојде од двајца млади навивачи.

Еден од нив, момче по име Грегори, не можеше да го сокрие воодушевувањето кога го виде својот идол. Модриќ ги изненади двете момчиња кои имаа врзани очи, а кога ги открија младиот Грегори стана хит со својата реакција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×