Иако го победи ПСЖ со убедливи 3-0 во финалето на првиот турнир одигран според новиот формат, Челси сепак засега нема обезбеден пласман на следното Светско клупско првенство, закажано за 2029 година.
Причината е во начинот на квалификација. ФИФА предвиде 32 учесници, кои се распределуваат по континенти, УЕФА добива 12 места. Но, победникот на турнирот не добива гарантирано место, што значи дека Челси ќе мора да се квалификува преку местата резервирани за УЕФА.
Сосема спротивна е ситуацијата со ПСЖ, кој и покрај поразот, има осигурано место, благодарение на својата титула од Лигата на шампионите, еден од четирите трофеи што носат директен билет за турнирот.
Преостанатите места УЕФА ќе ги додели според ранг-листата на најуспешни клубови во европските натпреварувања. Челси во моментот се наоѓа на 14. позиција, што значи дека ќе мора или значително да напредува до 2029 годин кога ќе се одржува следниот турнир или да ја освои Лигата на шампионите.