Официјално: Њукасл плати 55 милиони евра за екс-фудбалер на Манчестер јунајтед!

by Стефан
1 минути читање

Досегашниот фудбалер на Нотингем Форест, Антонио Еланга е нов фудбалер на Њукакс.

Еланга е сигурно еден од најзвучните трансфери ова лето во Премиер лигата, а за него клубот од „Сент Џејмс Парк“ плати цели 55 милиони евра.

Со Њукасл Еланга ќе добие прилика да игра во Премиер лигата и сигурно ќе претставува одличен тандем со неговиот сонародник од репрезентацијата Алекандар Исак, секако под услов тој да остане во клубот.

„Пресреќен сум. Тој беше една од најважните мети за нас и многу сум задоволен што успеавме да го доведеме на стартот од припремите“, изјави тренерот Еди Хау.

Во својата кариера Еланга настапуваше и за Манчестер јунајтед, а минатата сезона на 38 натпревари постигна шест гола. Договорот кој го потпиша е со важност од пет години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×