Медиумите од Англија откриваат повеќе детали од обидите на Тотнем да го ангажираат Мохамед Кудус од Вест Хем, „спарси“ сакале да вметнат бонуси поврзани со освојување на Премиерлигата или Лигата на шампиони, но добиле брутален одговор од „чеканите“.
Тотнем тргна во офанзива по потписот на Мохамед Кудус од Вест Хем и достави предлог од 50 милиони фунти, кој веднаш беше одбиен.
Медиумите од „островото“ сега откриваат повеќе детали и како што пренесува Токспорт, понудата од 50 милиони фунти вклучувала и бонуси кои биле поврзани со триумф во Премиерлигата или Лигата на шампиони.
„Спарси“ во мај стави крај на постот долг 17 години и стигнаа до трофеј по триумф во Лига Европа, но се чини дека Премиерлигата и Лигата на шампиони е малку преголем залак.
Па затоа и добиле брутален одговор, Вест Хем им порачал „да бидат малку реални“ и дека се потребни најмалку 60 милиони гарантирани, за да почнат сериозни преговори.
Се верува дека во договорот на Мохамед Кудус има откупна клаузула од 85 милиони фунти која е активна во првите десет дена од јули месец.
ФОТО: X/West Ham United