„Л’Eкип“ најави дека Меси преговара со новиот клуб, Интер Мајами веднаш реагира – тргнува по омилениот соиграч на Аргентинецот!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Интер Мајами би можела во своите редови да го доведе Аргентинецот, Родриго Де Пол.

Информацијата ја пренесоа најпознатите аргентински медиуми, а таа пристигнува веднаш откако „Л’Eкип“ објави дека Ал Ахли започнал преговори да го доведе Меси во декември кога му истекува договорот со Интер Мајами.

Кога е Де Пол во прашање тој има уште една година од договорот со Атлетико Мадрид, а сумата која се споменува е е околу 15 милиони евра.

Де Пол е еден од омилените соиграчи на Меси па неговото доведување може да биде голем чекор напред во обидот да се задржи и Меси.

Во раководството се свесни дека мораат да создадат поконкурентен тим бидејќи во овој момент се на шестата позиција на Источната конференција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×