172
На социјалните мрежи беа се појавија шокантни видеа од навивачи на Тотенхем како со чаши со урина фрлаат кон гостинските навивачи.
Снимките ја олеснија работата на полицијата и на Тотенхем, па фановите брзо беа идентификувани.
Клубот им додели доживотни забрани на двајцата навивачи за присуство на стадион, тоа значи дека никогаш повеќе нема да го гледаат Тотенхем на домашен терен.
Тоа беше натпревар од Лига Купот на Англија во кој Тотенхем водеше со 2-0, но на крајот загуби со 3-2.