Провокација од Каталонија за ПСЖ: Нејмер жали што ја напушти Барса, не е среќен во Париз!

by
1 минути читање

Нејмар изминатово
лето направи рекорден трансфер во ПСЖ вреден 222 милиони евра, но по преселбата
на „Паркот на Принцовите“, тој во неколку наврати се врати на дружба со
поранешните соиграчи од Барселона.

Бразилецот
изминатиов викенд одново беше на гости кај Лео Меси, Луис Саурез и Жерард Пике,
па медиумите од Каталонија веднаш излегоа со сторија дека напаѓачот не е среќен
во Париз.

Според емисијата
Ла Портерија на локалната телевизија од Барселона, Бетеве, Нејмар на блиските
им открил дека направил грешка што го напуштил Камп Ноу.

Преселбата во главниот
град на Франција не оди според планот, Нејмар жали што заминал и веќе му
недостасува животот во Барселона.

Покрај проблемите
со другите ѕвезди на ПСЖ, Ла Портерија вели дека на напаѓачот не му се допаѓаат
и методите на тренерот Унаи Емери. Исто така, неговите пријатели и семејствоот
не се осоебно среќни од животот во Париз, град кој е многу поразличен од
Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани