Екипата на Ботафого е вистински хит откако го победи Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство, а медиумите веднаш започнаа и со шпекулации за иднината на одредени фудбалери на овој тим. ј
Премиерлигашот Нотингем Форест наводно е подготвен да ги доведе двата највредни адута на бразилскиот клуб ,стоперот Жаир Куња и напаѓачот Игор Жежус.
Според бразилските и англиските медиуми, интересот од редовите на „шумарите“ трае уште од пред почетокот на Светското клупско првенство, но сега, по одличните игри на двајцата фудбалери, се очекува во трката да се вклучат и други заинтересирани клубови.
Игор Жежус, кој со својот погодок го одлучи натпреварот со европскиот шампион се смета за еден од најперспективните напаѓачи во Јужна Америка. Има само 24 години, но зад себе и одлична сезона исполнета со голови и асистенции. Жаир Куња, од друга страна, е 20-годишен дефанзивец кој ја предводеше одбраната на Ботафого и го покажа целосниот потенцијал токму на големата сцена против ПСЖ.
Нотингем Форест, според информациите, е подготвен да издвои околу 35 милиони евра за комплетирање на трансферот на овој бразилски тандем, кој би можел да стане новиот двигател на клубот во наредната сезона во Премиер лигата.