Најмладиот тренер во Европа: Парма ќе ја води 29-годишник!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот фудбалски клуб Парма доби нов стратег на клупата откако Кристијан Киву си замина и ја презеде тренерската функција во Интер.

Новиот кормилар на Парма е Куеста, млад и амбициозен тренер кој својата кариера ја започнал уште во 2014 година, кога како 19-годишен влегол во тренерските води во Атлетико Мадрид, каде работел со тимот до 17 години.

Од 2018 до 2020 година беше дел од младинскиот погон на Јувентус, а во последните пет години беше дел од стручниот штаб на Арсенал, каде соработуваше со Микел Артета.

Интересен податок е дека Парма во овој момент има дури петмина фудбалери кои се постари од новиот тренер, а најискусен меѓу нив е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Милан Ѓуриќ, кој има 35 години.

Исто така тој ќе биде и најмладиот тренер на една екипа од најсилните првенства во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×