„Кралевите“ без
бодови се враќаат од гостувањето во Каталонија кај новајлијата во Примера,
Џирона вечерва го шокираше Реал.
Домаќините со 2-1
триумфираа над големиот фаворит и тоа со пресврт во вториот дел.
Избраниците на
Зидан рано стигнаа до водство, Иско го донесе Реал Мадрид во предност во 12.
минута, и Реал веројатно мислеше дека продолжението од средбата ќе им биде
лесно.
Но Џирона не се
предаде, по неколку добри шанси во првиот дел, домаќините погодија во 54.
минута, Стуани изедначи на 1-1.
Четири минути
подоцна следеше нов шок, Порту срелаше прецизно за 2-1.
Реал Мадрид потоа
притисна силно, но гостите не креираа ниту една 100% шанса за постигнување гол.
Роналдо и Бензема беа прилично тивки во завршнциата, речиси како и целиот тим
на „Кралевите“, па Џиорана се радуваше на победа и стана првиот новајлија кој триумфирал над „Кралевите“ по 27 години. Последен пат на кого ова му тргнало од рака беше екипата на Бургос на 28. октомври 1990.