Наполи стигна до
10. победа во Серија А во 11. коло, денеска на Сан Паоло „Наполитанците“ беа поуспешни од
Сасуоло.
Резултатот го
отвори Алан во 22. минута. Бразилецот украде една топка на врвот од шеснаесетникот
и го матираше гостинскиот голман за 1-0.
Сасуоло стигна до
изедначување во 41. минута. Фалчинели скокна високо во шеснаесетникот на
домаќините и со глава погоди за 1-1.
Сепак, Наполи на
полувреме замина со предност, Каљехон од корнер донесе 2-1 благодарејќи на
погрешната проценка на гостинскиот голман.
Конечниот
резултат го постигна Мертенс во 54. минута. Албиол спушти една топка пред голот
а Белгиецот само рутински ја затресе мрежата.
Во попладне кое
им припадна на домаќините, Сампдорија со 4-1 го совлада Киево, Удинесе со 2-1 триумфираше
над Аталанта, а со ист резултат и Кротоне беше подобар од Фиорентина. СПАЛ со
1-0 ја шокираше Џенова на нашиот Горан Пандев.
Претходно, Лацио
со убедливи 1-5 славеше на гостувањето кај Беневенто.