„Росонерите“ ја
подигнаа мотивацијата во своите редови откако со убедливи 1-4 славеа на
гостувањето кај Киево, па Монтела одново ќе им даде шанса на истите играчи
освен две измена, на местото на Калабрија, средбата со Јувентус ќе ја започне
Абата, а и Запата ќе истрча од првата минута наместо Мусакио.
Масимо Алегри пак
реши на клупата да ги остави летните засилувања, и во стартниот состав да има
само играчи кои подолго време се дел од клубот.
Ругани доби шанса
пред Барзаљи во одбраната покрај Кјелини, а Азамоа е на местото на недоволно
опоравениот Алекс Сандро.
Милан: Џ.
Донарума, Запата, Ромањоли, Родригез, Абате, Борини, Кеси, Биља, Чалханоглу,
Сусо, Калиниќ
Јувентус: Буфон,
Лихтштајнер, Кјелини, Ругани, Азамоа, Кедира, Пјаниќ, Квадрадо, Дибала,
Манџукиќ, Игуаин