Изминатиов период медиумите на Островот на големо се
бават со тоа колку фудбалерите на Челси се среќни покрај италијанскиот стратег
Антонио Конте, а првичните информации кои пристигнуваа не беа позитивни во
однос на оваа тема.
Сепак, шефот на стручниот штаб на тимот од Лондон, видно
вознемирен, на денешната пресконференција одговори на овие шпекулации.
„Мислам дека сето тоа е едно големо сра*е… Доколку
некој е среќен да го пишува сето тоа, нека продолжи, ако тоа го прави среќен…“
изјави Конте на пресконференцијата во пресрет на утрешното гостување кај
Бурнемаут во десеттото коло од англиската Премиерлига.
Веќе пишувавме за овие информации, за шпекулациите дека
ѕвездите на англискиот првак не се задоволни од методите на работа кои ги
практикува Конте на тренинзите во клубот, а ситуацијата наводно отишла дотаму
што поранешниот асистент во тимот, Стив Холанд добивал пораки од фудбалерите кои му го пренеле незадоволството.