Дортмунд не можеше гол да му даде на Флуминенсе, Бразилците го имаат фантастичниот Тијаго Силва! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Натпреварот од првото коло на Светското клупско првенство меѓу Флуминенсе и Борусија Дортмунд заврши без голови, 0-0.

Борусија Дортмунд влезе како благ фаворит во овој дуел, но фудбалерите на Флуминенсе изгледаа мотивирано и не дозволија да примат гол.

Одлична партија имаше искусниот Тиаго Силва кој и на 40 години е беспрекорен лидер во одбраната, тој е и капитен на бразилскиот тим.

Деби за Дортмунд имаше Џоб Белингем, но не успеа да направи нешто посебно и да донесе радост на неговиот нов тим.

Фото: X/Fluminense F.C.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×