306
Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар со 3-0 го совлада Будуќност во првиот контролен натпревар на подготовките во Словенија.
Црвено-црните имаат одличен старт на подготовките во Раденци, Словенија, буквално го растурија црногорскиот шампион.
Резултатот го отвори Спахиу, а потоа два гола даде Закариќ.
Во текот на викендот Вардар ќе одигра пријателски натпревар со Олимпија Љубљана што ќе биде значаен тест пред европските предизвици.