Младиот холандски тренер Марк ван Бомел би можел ова лето да стави крај на едногодишната пауза и да седне на клупата на Парма.
Според информации на реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио, во тек се преговори меѓу двете страни за преземање на тренерската функција кај „млекарите“.
Поранешниот холандски репрезентативец е без ангажман уште од крајот на мај минатата година, кога се раздели со белгискиот Антверпен. Претходно во кариерата ги водеше и германскиот Волфсбург и холандскиот гигант ПСВ Ајндховен.
Сега, Ван Бомел е еден од главните кандидати да го преземе кормилото на Парма, тим кој сезонава едвај избори опстанок во лигата и остана без тренер, откако Кристијан Киву се пресели во Интер на местото на Симоне Инѕаги.
Ди Марцио пишува дека уште во јануари раководството на Парма сериозно го посакувало Ван Бомел, пред Киву официјално да биде назначен за шеф на стручниот штаб. Како главен конкурент на холанѓанецот се споменува поранешниот капитен и тренер на Рома, Даниеле Де Роси, но според истиот извор, странски стратег е приоритет, а па затоа Ван Бомел се истакнува како фаворит.
Фото: PSV/X