Фрчат казни на Островот, фудбалски фан ќе исплати богата отштета до „Скај Спортс“ поради стримување на нивниот канал

by
2 минути читање

Извесен Јусуф Мухамед од Бристол треба да исплати отштета
на „
Sky“ откако
незаконски вршел пренос на истиот спортски канал на непозната веб страна.

Мухамед сега ќе мора да исплати 16,000 фунти како казна,
а додатно ќе мора да ги врати заработените пари од неговите шеми од тоа што
пренесувал слика од „
Sky
Sports
на одредена
веб страна.

Тој рекол дека направил значителни суми водејќи го
сајтот, каде стримувал натпревари од Премиерлигата, како и Лига на шампионите.

Од институцијата која го истражуваше овој случај и го
изнесе пред судот најавија дополнителни казни и за сите останати кои се бават
со оваа дејност, а додадоа дека ова било „предупредување“ за останатите.

Се чини дека се засилија мерките околу ова прашање на
Островот, откако, претходно во Мидлзбро, сопственик на една продавница беше
суспендиран на цели 18 месеци поради продажба на декодирани уреди, а тоа го
имаше и изложено пред неговиот објект со реклама.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани